Голем детален хороскоп за Октомври: Проверете што ви носат ѕвездите овој месец

Бик

Љубов

Најважната лекција која ќе ја научите во текот на октомври е тоа дека љубовта не е секогаш слатка и безгрижна. Ќе имате многу падови, но и убави моменти. Ќе треба да размислите дали работите се такви какви што сакате да бидат, дали може да биде подобро и што вие можете да направите во однос на тоа. Поврзете се со себеси и одлучете што сакате.

Пари и кариера

Во октомври имате многу планови и желби кога станува збор за кариерата. Што ви е потребно? Само работа и дисциплина. Работната рутина ќе треба да ја смените со поинтензивна работа и да бидете упорни во исполнувањето на своите цели. Побарајте помош и од блиските колеги, многу нормално е дека не можете се  сами.

Здравје

Овој месец ќе морате да најдете време да бидете сами. Можно е да ве мачи стрес и главоболка, но тоа лесно ќе го решите ако поминете време сами, во природа или правејќи нешто што го сакате. Здравјето е добро, но треба да внимавате на себе.  

Овен

Љубов

За Овните, октомври  е дефинитивно месец на љубовта, но во старомодна и романтична смисла. Гледање во очи, држење за рака, слатки излегувања. Искористете го периодот за да уживате во нежноста и блискоста со личноста која ви се допаѓа. Дури и ако не сте во врска, октомври носи многу убави моменти и запознавања за слободните претставници на овој знак.

Пари и кариера

Многу промени и позитивни ситуации ќе се случуваат на полето на работата. Полни сте со добри идеи кои ќе се реализираат во текот на овој месец. Ве следи среќата и на ова поле. Насочете ја својата енергија кон убави нешта и дефинитивно ќе имате успешен месец.

Здравје

Немате проблеми во здравјето, минувајте повеќе време во природа.

Близнаци

Љубов

Согласно и на вашиот знак и карактер, во текот на октомври ќе имате различни расположенија кога станува збор за љубовта. Дел од времето својата сакана личност ќе ја сакате највеќе на целиот свет, а по неколку дена нема да можете да ја поднесете. Октомври нема да биде воопшто досаден месец за вас. Но, не дозволувајте промените во расположението да ги повредат другите околу вас. Соберете се, запрашајте се што сакате и однесувајте се согласно на тоа.

Пари и кариера

На работа ќе уживате во тимската работа. Тоа е она што ќе ве движи и ќе ви дава енергија. Ќе бидете полни со идеи, а со колегите ќе се сложувате одлично и по завршувањето на работното време. Работата ќе ви помогне и да заборавите на приватните проблеми.

Здравје

Овој месец ќе ви биде потребен мир и тишина, за да се ослободите од негативната енергија и вознемирувачките мисли.

Рак

Љубов

Овој месец ќе бидете толку заљубени, така што нема да знаете кога последен пат вака добро сте се чувствувале. Негувајте ги добрите емоции и не се оптоварувајте со другите работи, бидејќи љубовта навистина ќе ви биде возвратена. Искористете ја љубовната инспирација за слатки изненадувања за саканата личност. Ве очекуваат убави моменти во текот на целиот месец, уживајте.

Пари и кариера

Кога станува збор за работата, овој месец најважно ви е вмрежувањето. Колку повеќе контакти имате -  толку подобро. Никогаш не можете да знаете кога некој ќе ви затреба и на кого треба да се обратите за помош. Така ќе се чувствувате подобро, но ќе остварувате и подобри резултати.

Здравје

Потребен ви е многу одмор во текот на овој месец. Потребен ви е свеж воздух, сонце, вода и витамини. Не го игнорирајте тоа.

Лав

Љубов

Срцево ви зборува едно, а мозокот друго. Мораме да ве разочараме, но во текот на овој месец ќе морате да го послушате разумот. Сепак, треба да бидете свесни за своите чувства, но конечната одлука да ја препуштите на разумот. Што и да се случи, морате да бидете рационални, а овој октомври ви носи многу различни ситуации.

Пари и кариера

Полето на пари и кариера носи многу настани кои можат да ја свртат вашата кариера. Не се плашете од новите професионални понуди, размислете добро и прифатете ги промените. Време е да ги остварите своите планови и да си обезбедите сигурна иднина. Освен тоа, не заборавајте да се дружите со колегите и да ја проширите својата листа на контакти и познаници. Имајте секогаш личност на која можете да се потпрете.

Здравје

Овој месец носи  многу промени, но и многу стрес. Важно е да ги прославите позитивните промени, а наместо да се оптоварувате со негативните, да размислите каква лекција можете да научите од нив. Грижете се за своето здравје и не дозволувајте негативната енергија да биде дел од вашиот живот.

Вага

Љубов

Без оглед на тоа дали сте заљубени или не, октомври ќе биде убав месец за вас на ова поле. Тој носи убави, романтични и среќни моменти. Ќе бидете исполнети и среќни, како што не сте биле одамна. Љубовта е околу вас, а романтиката во вас. Уживајте.

Пари и кариера

Едно излегување со некој од пријателите ќе ви донесе нова бизнис идеја. Можеби не би требало да ја занемарите оваа можност, туку добро да размислите за неа. Можеби е време да направите промена во животот и да почнете од тука.

Здравје

Љубовта ве крева, работата ве спушта и така во круг. Ќе имате осцилации во расположението,а  тоа ќе се одрази и на вашето здравје. Ослободете се од негативната енергија и потрудете се да ги наполните батериите.

Останатите знаци на следната страна...

Девица

Љубов

Почетокот на есента на вас делува малку депресивно и ви недостасува енергија за се, а особено за љубов. Запаѓате во меланхолија и потребно ви е нешто да ве крене. Така, ако сте во долга врска, знаете дека секогаш можете да се потпрете на вашата драга личност. Но, ако сте сами, а ви е потребна љубов, тогаш ќе биде малку тешко. Запаметете  - вашиот љубовен статус зависи само од вас.

Пари и кариера

Многу е важно да бидете флексибилни во однос на работата и колегите во текот на овој месец. Ќе се случуваат многу работи (очекувани и неочекувани), но вие ќе морате да се прилагодите на тоа. Во суштина, ништо значајно нема да се случи, но некои промени ќе ве изместат од колосек.

Здравје

Зимате уште не е почната, а вие сте како во зимски сон. Ништо не морате да правите на сила, но важно е да се потрудите да се справите со депресијата. Внесувајте доволно течности и витамини и трудете се што почесто да се движите.

Шкорпија

Љубов

Овој месец малку повеќе од вообичаено ќе бидете заинтересирани за љубовта, но сепак главниот фокус ќе ви биде на работата. Ѕвездите велат дека треба да бидете искрени кон личноста која ви се допаѓа и јасно да и го покажете тоа. Излегувајте, дружете се и оживејте го својот друштвен живот.

Пари и кариера

Овој месец се врти околу работата. Често ќе се случува да го жртвувате својот приватен живот, но тоа ќе биде поради тоа што добивате нови задачи и постојано од вас се очекува нешто ново. Тоа не ви се допаѓа, но ќе молчите. Размислете за тоа колку долго треба да бидете мирни и да не кажете ништо.

Здравје

Овој месец можен е пад на имунитетот. Затоа, потребно е да се грижите за своето здравје.

Јарец

Љубов

Вие сте конечно подготвени за големо заљубување. Конечно решивте да ја тргнете маската на леден принц/принцеза и да се посветите на љубовта. На ум имате неколку кандидати кои ви се допаѓаат. Ќе бидете спонтани, суптилни и расположени за флерт.

Ако сте во врска, можно е да се решите за „реновирање“ на љубовниот живот бидејќи сметате дека ви е потребно тоа.

Пари и кариера

Треба да се подготвите за прилилно динамичен период на работа. Толку динамичен што може да биде и напоред. Ќе имате многу задачи, обврски, некои несогласувања со колегите, малку застој. Но, не се грижете. Сите работи ќе завршат добро, поради вашата посветеност и напорна работа.

Здравје

Стресот ќе ве следи каде и да се свртите. Расположени сте за љубов, но ќе бидете постојано уморни. Потрудете се добро да спиете и да се храните поздраво.

Стрелец

Љубов

Овој месец е во знак на љубовта и ништо друго нема да ви биде важно. Искористете го напливот на позитивна енергија за да го унапредите љубовниот живот, без оглед на тоа дали сте во врска или не. Ако сте заљубени, ќе смислите милион убави начини за романтика, а ако сте сами, ќе бидете расположени за излегувања и групни активности кои ќе ви помогнат да ги најдете својот принц, или принцеза.

Пари и кариера

Октомври носи многу проекти, а дел од нив се поврзани со странство. Тоа што ќе се случува на ова поле во текот на овој месец за вас е големо, важно и добро. Затоа, бидете подготвени за промени. Можно е да се решите на порадикални потези за да ја смените работата. Што и да направите, ѕвездите се на ваша страна.

Здравје

Ќе се чувствувате добро, ќе бидете полни со енергија и добро расположение. Здравјето е одлично за вас, овој месец.

Водолија

Љубов

Љубовниот живот во текот на октомври ќе биде многу динамичен, но не толку во позитивна смисла. Некогаш ќе се искарате со партнерот, некогаш ќе се сомневате во чувствата кои ги имате кон нив. Малку расправии се нормални во секој однос, но потрудете се да внимавате на своите зборови. Можеби решението лежи во компромисот, а можеби е и порадикално.

Пари и кариера

Октомври ви носи голем успех во однос на кариерата. Сега е вистинскиот момент да се изборите за себеси и да си поставите на прашањето каде сакате да се видите себеси 5 години од сега. Можеби е момент да ја смените работата или пак да ја промените областа во која работите. Одлучете што сакате и потрудете се да го добиете тоа.

Здравје

Големите случувања на полето на љубовта и кариерата бараат и силна енергија. Вежбајте, спијте, внесувајте витамини. Едноставно е. Јадете свежо овошје и зеленчук и грижете се за своето здравје. Потребно ви е тоа овој месец.

Риби

Љубов

Овој месец своето внимание ќе го насочите кон средување на љубовниот живот, така што ќе заборавите на себеси. Треба да знаете дека што и да правите во животот -  треба да тргнете од себеси. Што е тоа што вие го сакате? Дали сте среќни? Доколку постои и најмал сомнеж, не го игнорирајте и откријте зошто е тоа така.

Октомври е месец за промени.

Пари и кариера

Се чувствувате како работата да „ве убива“. Стресот ве јаде, лошо спиете, многу работите, немате време за себеси. Очигледно е дека ви е потребен одмор. Потрудете се да ја намалите работата или барем да правите паузи и да спиете подобро. Кога сте одморени и наспани, ќе бидете и попродуктивни.

Здравје

Ќе бидете многу уморни во текот на целиот месец, а стресот ќе биде ваше секојдневие. Пробајте да одморате попладне или за време на викенд. Морате да се потрудите да бидете посреќни и помотивирани.