Голем дел од Скопје утре ќе биде неколку часа без струја

Утре од 8:30 до 11:30 часот без струја ќе останат корисниците од улицата „Бањалучка“ број 28, а од 8 до 16 часот жителите од Пинтија, сите домаќинства, стопански и нестопански објекти во самата населба, како и објектите на „Алукил“ и „Пропоинт“ во општина Кисела Вода.

Во периодот од 9 до 11 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата „Пушкинова“, а од 9:15 до 15:30 часот корисниците од објектите во рамки на поранешна Стакларница, објектите кои се во нејзина близина, како и други објекти кои се напојуваат од трафостаницата во Стакларница во општина Кисела Вода.

Без струја од 8 до 16 часот ќе бидат корисниците од објектите на влезот во Усје кај „Алумил“ и „Злате Бенз“ до „Рамос Илијадис“, објектот на Агрометал ДООЕЛ Скопје на улицата „Борис Трајковски“ во населбата Усје.

Во периодот од 9 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Никола Вукмировиќ“, дел од улицата „Борис Сарафов“ од број 1 до број 5, а од 9:30 до 12 часот корисниците од селото Волково, улиците „2“ и „22“ и местото Црквиште во Волково.

Од 9 до 14 часот утре без струја ќе бидат корисниците од Идризово, улицата „1“ во Идризово и викенд населба Наово во општина Гази Баба, а од 9 до 15 часот корисниците од село Волково, улиците „20“ и „22“.

Како што информира РЦУК-Скопје, прекините се поради планирани инвестиции во електромрежата.