Голем дел од Скопје денеска без струја, вода ќе нема во Центар

ЕВН Македонија информира дека поради технички зафати во мрежата, денеска (вторник) без електрична енергија ке останат следниве потрошувачи:

- од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Лазар Поп Трајков, дел од ул. Трифун Хаџијанев, дел од ул. Христо Ботев и дел од ул. Ташко Караџа (о.  Гази Баба);

- од 09.00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Орце Николов, (поточно објектите во околината на куќните броеви 64, 66 и 68 (о. Центар);

- од 09.00до 14.30 часот корисниците на ул. Алжирска и дел од корисниците на ул. Багдадска (о. Карпош);

- од 11:00 до 13:30 часот, корисниците од дел улица 18 (преку реката Серава) од бр 13 до бр 35, непарните броеви(о. Бутел) и

- од 11.00 – 14.00 часот дел од бул. Јане Сандански (бр.86, 88 и 90) позади ТЦ Бисер  (о. Аеродром).

Од ЈП Водовод и канализација-Скопје известуваат дека денеска (вторник) поради реконструкција на водоводна мрежа ф-150 мм на крстосницата бул. Митрополит Теодосиј Гологанов/Аминта Трети, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од булеварот (потегот од Амбасада на Република Бугарија до Никола Тримпаре) и дел од Аминта Трети.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.