Голем дел од општината Кисела Вода вечерва ќе остане без вода

Од вечер во 23 до утре, без вода ќе бидат корисниците од улицата „Божидар Аџија“, „Димо Хаџидимов“ и „Георги Димитров“ во Кисела Вода, информираат од ЈП „Водовод и Канализација на Град Скопје“.

Водоснабдувањето ќе биде во прекин поради дефект на затворач и противпожарен  хидрант со пречник на крстосницата „Божидар Аџија“ и „Димо Хаџидимов“.

Од „Водовод и канализација“ информираат дека од водоснабдувањето ќе биде прекинато од денеска во 23 часот до утре кога ќе се заврши со активностите.