Голем број скопски општини утре без струја

Од ЕВН Македонија АД  известуваат дека утре (вторник) се планирани следните закажани технички зафати во градот Скопје и неговата околина.

-во времето од 09:30-10:30 часот домаќинствата на потегот од гробиштата во Бутел кон ул.Гвадалахара, Јуриј Розентал, Плачковица (општина Ш.Оризари)

-во времето од 07:55-15:30 часот корисниците од Визбегово: Ул.Стар Качанички Пат (Хасан Приштина) од бензиска Макпетрол до Еуромак Азија, Дел од инд.зона Визбегово, ул. 2 Визбегово во реонот кај потрошувачите Стеком, Алпос, Дамекс, Суниленс, Елит софа салон за мебел, Јавордрво Скупи, Камел солар, Аликас, Алфа ТВ, Фитофарм, БКС Компани, Лето фоодс, Копенс Интернационал, Мега Ауто Партс, Еуро Лек, Еуро Грандс, Артинг и др. (општина Бутел)

-во времето од 09.15-12:30 часот корисниците од Орешани: Дел од објектите во потегот помеѓу Орешани и Зелениково (општина Зелениково)

-во времето од 11.00-12.30 часот корисниците Скопје – Кисела Вода: дел од ул. Франк Харткорт Манинг, дел од ул. Ѓорѓи Димитров, зграда и објекти околу Тинекс, ул. 14 Декември бр.1 и 3, ОУ„Круме Кепески“ (општина К.Вода)

-во време од 11:00-12:00 часот корисниците на дел од с.Горно Нерези (општина Карпош)