
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците на Бутел, Сопиште, Центар и Илинден.
- Без напојување со електрична енергија ќе бидат дел од корисниците на улица Хо Ши Мин од 08:00-14:00 часот;
- Без напојување со електрична енергија ќе бидат дел од корисниците на улица „9“ и дел од улица „1“ во Сопиште од 08:30-14:00 часот;
- Без напојување со електрична енергија ќе бидат дел од корисниците на улица 11-ти Октомври зграда број 86,52 и околни објекти од 09:00-13:00 часот;
- Без напојување со електрична енергија ќе бидат дел од корисниците после гробиштата во Илинден од 12:00-13:00 часот.
Од ЈКП Водовод и канализација известуваат дека денеска со прекин во водоснабдувањето ќе бидат дел од корисниците на Гази Баба и Центар.
Оттаму информираат дека поради изведување на водоводен приклучок ф350 милиметри на улицата Маџари бб (Триангла), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населба Маџари, а Хиподром и Трубарево ќе имаат намален притисок, почнувајќи од 09:00 часот.
Исто така, поради уличен дефект ф80 милиметри на булевар Партизански Одреди бр.14, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Пиринска, почнувајќи од 09:00 часот.