Голем број пива по промотивни цени на „Skopje beer fest“

Оваа година традиционалниот „Гурмански викенд во Скопје – Пиволенд“ со нов концепт, ново интернационално име „Skopje Beer Fest“, нова локација, како и нови културно забавни содржини за љубителите на пивото.

„Skopje Beer Fest“ ќе се одржи од 20-ти до 22-ри септември на стадионот на Армијата во Градски парк, а влезот за посетителите ќе биде бесплатен.

“Skopje Beer Fest“ оваа година на посетителите ќе им понуди различни видови на пиво од Македонија и светот, атрактивна сцена за артистите, богата локална кујна, одлична музичка програма, како и голем број забавни активности.

Новиот концепт на „Skopje Beer Fest“ има за цел промоција на македонски и интернационални брендови на пиво, креирање на пивски бренд фестивал на локално и регионално ниво, зајакнување на пивската култура во Македонија, креирање на можност за зголемена продажба и промоција на сите пивски брендови, како и промоција на Град Скопје како град на љубителите на пивото.

Во продолжение погледнете ја и музичката програма за овогодинешното издание: