Голем број Македонци празниците ќе ги поминат во Банско

И оваа зима Банско е многу привлечно за Македонците, а капацитетите кои ги нудат туристичките агенции за претстојните празници се речиси резервирани. 

Од мало место со одлични патеки и неколку хотели од ниска класа, Банско за 10 години стигна до едно од најмодерните и најбараните монденски туристички места во Европа.

Сега во Банско има повеке од 120 објекти од различна категорија за за сместување на туристите.

Во Банско сега има и современа гондола  и патеки за скијање кои се долги 7о км, а  можат да ги користат и професионалци и почетници.

Туристите претежно се одлучуваат за Банско затоа што условите дозволуваат скијачката сезона да трае од декември до мај месец.

Инаку Банско е неизбежна станица за туристите од Турција, Грција и од  екс ЈУ просторите. А најбројни се македонските граѓани кои ги најдовме на ски терените и ги запрашвме зошто одбраа зимскиот одмор да го поминат во ова познато туристичко место.

Од туристичките агенции информираат дека годинава има зголемен интерес за зимување на Банско и оти посебно граѓаните се заинтересирани за семеен одмор.

Се бараат аранжмани за сместување во хотели со вклучени спа центри до вили целосно опремени, а во некои од нив има и сауни. Цените се различни во зависност од аранжманот, категоријата на хотелот, понудата и временскиот период.

Од повеќе туристички агенции ни потврдија дека и годинава има доста голем интерес за зимување во соседна Бугарија, посебно додека трае зимскиот распуст на учениците.

Банско од македонската граница е оддалечено нецели два часа возење.

new nike air max 2019