Голем број Македонци Новата година ќе ја дочекаат во Тиват каде ќе наздравуваат со песните на Јоксимовиќ

Дваесетина денови пред почекот на Новата 2019 година туристичките агенции ги распродаваат атрактивните туристички ангажмани како за соседството во европските метрополи така и за далечните дестинации.

Годинава е вистински хит за Нова година да бидеш на плоштадот во Тиват и да наздравиш со песните на српката поп-ѕвезда Жељко Јосимовиќ. Од скопска Туристичката агенција за Вечер велат дека изминативе неколку години многу често се патува во соседството и тоа каде што на отворено пее некоја музичка ѕвезда.

– Лани беше хит Нови Сад бидејќи таму пееше Здравко Чолиќ, а годинава тоа е Тиват каде што гостите ќе ги забавува Јоксимовиќ. Но и годинава поголем итерес има за Будимпешта, Букурешт, Софија како поевтини аражмани и поблиски до македонскиот стандард, иако се продаваат и поскапите аражмани кои се со авионски превоз и се однесуваат за светските метрополи и егзотични дестинации – велат од агенцијата. 

Според нив многу често на барање на граѓаните се бара комбинација меѓу пречекот на Новата година и зимување, бидејќи во јануари е и зимскиот распуст и дел од семејствата претпочитаат подолго да останат во зимските ски-центри.

Искуството од минатите години на повеќе туристички агенции покажува дека македонските граѓани ги пакуваат куферите за даличните дестинации за во јануари да се најдат на морскиот брег на Бали, Тајланд… за што се подготвени да одвојат и над 2.000 евра по лице.
Конкретно Нова година во далечните Малдиви и Бахами чини од 2.000 до 4.000 евра по лице, пред се заради скапите авионски билети кои за овој период од годината се највисоки.

Сепак, генерално на списокот и годинава се најдоа традиционално градовите и местата од регионот како Солун, Атина, Пелопонез, Белград, Нови Сад и салашите во Војводина, Златибор како зимска идила, Будва, Дубровник, Софија, Банско, Букурешт или Будимпешта.

Кај поскапите аражмани интересот е поголем за Милано, Рим, Истанбул, но и Анталија и Аланија, потоа Париз, Барцелона, Дубаи, Краков и Прага, Братислава, Лондон,Амстердам, Истанбул, Москва, Азурниот брег, Малта …

Туристичките работници велат дека најчесто граѓаните се поделени во изборот, односно или бараат евтино да поминат или се заинтересирани за поскапите, луксузните патувања.

Секогаш интересна за средната генерација е понудата за Дубаи каде што пречек на Новата година во оваа светска метропола ќе ве чини од 900 до 1.500 евра во зависност од тоа во која категорија хотел ќе бидете сместени.

Новогодишен одмор во Тајланд од 11 дена и 9 ноќи нашите агенции нудат по цена од 1.000 евра. Божиќ пак во Израел за 7 ноќевања и и авионски превоз промотивно чини 999 евра.

Оние што сакаат и во зимски услови да уживаат покрај сините морски води на Јадранот се подготвуваат да заминат за Будва, Тиват или Дубровник. Во овие приморски градови е организирано и забава од познати музички звезди. Во дел од понудите за Будва има можност да се посети и Острошкиот манастир.

Добар дел од нашите сограѓани Новата година ќе ја прослават во балканските СПА и скијачки центри како Копаоник, Врњачка бања и Соко бања, како и Банско, Боровец и Сандански. Овие цени се популарни и се движат од 150 до 250 евра по лице.

Пет дена во Рим или Париз ќе ве чини околу 380 евра, а во Милано, Прага, Братислава, Виена е нешто поевтино и чини 280 евра. Новогодишното патување пак за Верона и Венеција се нуди по цена од 185 евра.

– Патничкото осигурување е задолжително, но туристите треба да имаат предвид дека при резервацијата неопходно е и бакшишот за локалниот водич и шоферот во висина од 20 евра по лице – потсетуваат туристичките работници и дополнуваат дека при патување треба да се информираат патниците дали трансверот од авион до метрополата е платен или треба сами да си го организираат.

На листата на туристичките агенции се најдоа и македонските хотелски сметувања во Охрид, Струга, Пелистер, Попова Шапка, Берово и Маврово. Оние што претпочитаат да бидат во сопствената држава, во зависност дали се заинтересирани за две или три ноќевања, но и за услуга од пониска или повисока категорија по лице треба да одвојат од 100 до 400 евра. За љубителите на виното оваа година има интересни понуди од страна на неколку винарници за кои има солиден интерес.

Доколку не заминете на едно од овие патувања, останете дома сепак ќе треба да се подготвите за Нова Година а за тоа ќе ви требаат најмалку 5.000 до 7.000 денари.

 

cheap nike free run 5.0