Golden Beach: Добредојдовте во охридскиот рај (ГАЛЕРИЈА)

Некогаш омилената семејна плажа на Македонците, денес со модерен изглед и хит сезона. Плажата „Парк“ има и ново име, „Голден бич“ и е прв избор на многу туристи меѓу кои и познати личности.

Охрид  е градот каде што се доживуваат најубавите летни спомени. Toa што го прави поубав во изминативе три години е комплексот Park Golden Beach кој се наоѓа на само 2 километри од Охрид и нуди можност да се чувствувате светски.