„Гола месечина“ од 2 до 9 септември

Меѓународниот фестивал на комедијата „Гола месечина“ што секоја година се одвива во јуни, оваа година ќе се одржи од 2 до 9 септември 2019 година.

Зад организацијата на фестивалот веќе шеста година стојат Општина Аеродром и „Театар Комедија“. Тие велат дека  фестивалот има цел да го збогати културниот живот во Општината и предизвикува сè поголем интерес кај граѓаните.

„Гола месечина“ ќе се одржи во спортскиот центар „Ново Лисиче“, а влезот ќе биде бесплатен.