Годишен хороскоп за 2018: Лав

Прочитајте што ви носи хороскопот во 2018.

Работа и финансии

Кариерата ќе ви доживее и успеси и порази, но најважно е да се сконцентрирате барем на долгорочните цели. Со леснотија ќе ги исполните и ќе имате доволно енергија и мотивација да се посветите на обврските и целите за чие исполнување ќе ви биде потребно многу време, но и дополнителен ангажман. За да ги завршите сите проекти на време, ќе ви биде важно да се организирате, но и да се договорате со колегите и со нив да направите прецизни планови. Другата половина на годината ќе биде малку потешка што се однесува на кариерата и финансиите, бидејќи многу работи нема да зависат од вас, туку од друга личност која работата нема да ја сфати сериозно како вас и тоа ќе ве нервира.

Љубов

Љубовниот живот ќе ви биде феноменален во 2018. Оние кои се во врска, ги очекува убав период со саканата личност. Ако им ја покажете својата сензуална и чувствителна страна, тие ќе ве опсипат со сето внимание кое го заслужувате. Иако љубовта ќе цвета, потрудете се да бидете посериозни и со партнерот да ја испланирате иднината, а не само да се сконцентрирате на сегашноста бидејќи и сами знаете дека фазата на заљубеност не трае предолго.

Во однос на слободните Лавови, оваа години ќе донесе безброј романтични средби, а на вас е да го направите вистинскиот избор. Не паѓајте на слаткоречивост бидејќи некои ќе сакаат само да ја искористат вашата добрина и ранливост.

Здравје

Во 2018 година, здравјето ќе ви биде просечно. Повремено ќе чувствувате слабост и омалаксаност и можни се настинки, но и вирусни инфекции. Некоја добро организирана диета и вежбање би требало да ја подобрат вашата состојба. Проблемот е во тоа што психички ќе се трошите многу и тоа на кавги со пријателите, а причина за тоа ќе биде мешањето на другите во вашиот љубовен живот. Не дозволувајте да се нервирате и внимавајте на своето здравје.

Совет: Бидете внимателни и не се однесувајте  дрско со вашите блиски, бидејќи тие ве сакаат најмногу на светот. Понекогаш ќе бидете пречувствителни и не дозволувајте некој да ве манипулира. Ова особено се однесува на работата.