Годишен хороскоп за 2018: Бик

Прочитајте што ви носи хороскопот во 2018.

Работа и финансии

Особено продуктивна и успешна година е пред вас, кога станува збор за кариерата. Оваа година ќе ви донесе брз напредок и така ќе растат и вашите финансии. Ќе бидете многу задоволни со своите успеси и секако ќе се фалите пред луѓето, па ќе има многу кои ќе ви бидат љубоморни. Но, вам злите јазици и коментари нема да ве потресуваат и само ќе ви бидат дополнителн мотив да продолжите понатаму и да нижите успеси.

Многу Бикови ќе решат да се занимаваат со приватен бизнис, но треба да внимаваат да не вложуваат пари ако не се сосема сигурни. Големиот успес нема да дојде ако не се посветите на тимската работа. Затоа, ќе ви биде потребно трпение и толеранција.

Љубов

Љубовниот живот на Биковите ќе биде во хармонија. И на љубовен план, како и на полето на кариерата ќе владее хармонија, но ако дојде до кавги ќе бидете единствениот виновник, бидејќи поради различни притисоци ќе се расправате без потреба со саканата личност. На пролет, ќе бидете особено чувствителни и ќе ги отфрлате луѓето од себе. Подоцна можеби ќе се каете, но внимавајте на навредите за да не ги повредите оние кои ги сакате.

Слободните ќе се заљубат некаде на средина на годината, но важно е да не се навраќаат на минатото и да се плашат од луѓето поради тоа што нивното срце било претходно скршено. Отворете се кон оние кои се искрени и немојте да мислите дека сите се исти.

Здравје

Во однос на здравјето, ова е добар период да почнете да се занимавате со некој спорт и да се ослободите од вашите лоши навики. Имајте на ум дека ќе има моменти кога вашиот морал ќе биде на ниско ниво, но емоциите треба да ги држите под контрола и да не ги дозволувате таквите падови на вашите вредности. Сепак, доколку се случат не треба да се обвинувате себеси и да ја изгубите самодовербата со која зрачите. Немојте да се депримирате поради ситници.

Совет: Вие знаете да бидете тврдоглави и непопустливи, важно е да се наоружате со трпение и толеранција, особено во однисите со колегите кои не се многу продуктивни на работа и кои ве оптеретуваат со прашања кои се неважни и досадни. Исто така, бидете малку пооптимистични и не гледајте црно на сите нешта. Верувате во себе и простувајте си за нештата кои сте ги направиле, бидејќи ништо не е толку страшно колку што вам ви изгледа.