Гоцевите идеали за Македонија

Во земјава денеска се одбележуваат 119 години од смртта на револуционерот и борец за слобода Гоце Делчев, кој  на денешен ден во 1903 бил убиен од турската војска во селото Баница, на пат кон Сер. 

Визионерот кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола.

Беше и останува синоним за нашата татковина! Токму затоа бројни се сеќавањата, чувствата на гордност што е дел од Македонците и пораките на благодарност за аманетот кој го остави на македoнскиот народ!