Го злоупотребуваат името на Џамбазов: Од лажен профил се собираат донации за лажна болест

Од лажен профил на име на Игор Џамбазов, непознато лице собира наводни донации за болно дете. На „Фејсук“ измамата ја откри актерката Весна Бејби Петрушевска, која апелираше да не му се верува на ваквите пораки.

– Овој профил на Игор е лажен и е злоупотреба , Ве молам не уплаќајте, не верувајте. Игор има официјална страна и одамна не е активен на „Фејсбук“ .Мене ми стигна ова вчера во инбокс и навистина е згрозувачки и мизерно, да собираш пари од лажен профил, дрско да дадеш сметка и да манипулираш со болест на дете!!! – пишува актерката.