Го затекнале како краде пари, па го нападнал сопственикот и употребил нож

Уапсен 36-годишен крадец од Битола, кој откако бил затекнат од сопственикот и при обид да избега, го нападнал и употребил остар предмет.

Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (17.12.2025) полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Е.Ќ.(36) од Битола, постапувајќи по претходна пријава, дека на 15.12.2025 во семејниот дом на 34- годишен маж од Битола одзел пари.

При обид да избега, бил затекнат од сопственикот, кого физички го нападнал и употребил остар предмет.

Од судија на претходна постапка на Е.Ќ. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, по што е спроведен во Казнено - поправната установа Затвор Битола за издржување на мерката.