Го заклучив автомобилот и тоа ме спаси: Македонски православен свештеник нападнат од млади Грци

Македонскиот православен свештеник Никодим Царкњас бил нападнат од млади Грци пред неколку дена, при што бил оштетен неговиот автомобил.

Грците најпрво му го попречувале патот, а потоа го нападнале вербално и сакале физички да се пресметаат, но Царкњас успеал да избега.

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) побара реакција од грчките власти да го расчистат делото со етничка омраза, а исто така ја повика и македонската Влада да го осуди нападот, иако досега нема реакција.