
При претрес во Гостивар пронајдена била дрога и лишено од слобода е едно лице.
Како што информираат од МВР, ноќеска (05.02.2026) во 01:20 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Б.Б. (34) од Гостивар, поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање на промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
Врз основа на судска наредба, извршен е претрес во дом и помошни простории, сопственост на Б.Б. и при претресот, тој доброволно предал кутија во која имало марихуана.
Тој е задржан во ПС Гостивар и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, додаваат од МВР.