Го сакав повеќе од својот живот, а на крајот ми се сруши целиот свет!

Постојат многу тажни приказни на овој свет. За изневерени љубов, за скршени срца и за пролиени солзи. Ова е една таква приказна на една млада девојка која мислела дека ја пронашла љубовта на својот живот, но на крајот се се срушило како кула од карти.

Но, да почнеме од почеток, што велите?

Еве ја нејзината исповед:

По речиси две години стабилна и убава врска, решивме да започнеме заеднички живот, затоа што тогаш веќе разговаравме за брак. Сепак, сметавме дека сме премлади за брачни документи, но вонбрачната заедница делуваше многу примамлива. Така и се случи – се преселив во неговиот стан и функциониравме речиси совршено.

Тој често работеше прекувремено, па некогаш со недели го немаше дома, но постојано контактиравме преку социјалните мрежи и телефонот. Нашиот дом беше вистинско љубовно гнездо, скоцкано сосема по наша мера, со наши фотографии и спомени.

Година дена живеев живот како од бајките.

Еден од оние денови кога беше надвор од градот се се промени и тоа во само една секунда, целиот мој живот се претвори од идила во катастрофа.

Се вратив дома од факултет, а на мојот кревет седеше една девојка малку постара од мене. Таа го тресеше пепелот од цигарата во мојот пепелник и пиеше кафе од мојата чаша, а околу вратот го носеше ланчето кое беше идентично како она што го добив од него за нашата годишнина.

Не се ни помести од своето место кога ме виде дека влегов, ниту се вознемири од мојот вресок, исплашеност и паника.

Наскоро ми кажа дека таа е другата девојка на мојот дечко и дека со неа живее три-четири месеци помалку од времето кое јас и тој живееме заедно. Не, не живеат заедно во друг град, живеат заедно во неговиот друг стан (за кој не ни знаев дека постои), на 10 километри оддалеченост. Таа знае за мене, отсекогаш знаела. На почетокот не и пречело, но сметала дека дошло време нејзиниот човек да биде само нејзин.

Како јас да би посакала тој човек и понатаму да биде мој, особено откако чув се...

Сите тие патувања и одење во странство всушност биле само одење во нејзина прегратка. Ете... се беше лага. Целиот мој живот беше огромна лага.

Се обидов дека си спојам сите тие делчиња, но не ми одеше. Ако не одеше на патувања, од што живеевме? Како успеваше да има толку пари? Како можеше да се преправа дека ме сака? Зарем е можно дека се беше измама? Искрено, во првиот момент помислив дека таа одвратна жена лаже, дека е луда и дека се измислила. Затоа што, откаде му е силата, желбата, волјата и вештината да го изведе сето тоа? Откаде му е потребата, зарем е можно дека една не му била доволна?

Прашања, сценарија, обвинувања, сомнежи, параноични мисли постојано се вртеа без престан.

Набргу ги спакував работите и се вратив кај родителите. Не вреди да трошам зборови на тоа колку бев повредена и колку бев неспособна да ја прифатам реалноста. Со денови пиев лекови за смирување и претежно спиев.

Соочувањето со него беше тешко и потресно. Отпрво негираше се, тврдејќи дека таа жена е луда и дека се измислила, но не му одеше од рака. Потоа прејде на ветувањата дека ќе ја остави, дека направил грешка, дека го начекала во тесно, па потоа се колнеше дека ако му простам, ќе биде најдобриот дечко на светот.

Со оглед на тоа дека остана без очекуваната реакција, стана агресивен и безобразен, обвинувајќи ме дека сум премногу фина во сексот и дека сосема е оправдано тоа што имал друга. На крајот, во целиот тој излив на бес, добив и шамар.

Се се заврши толку бедно – во вода беа фрлени повеќе од 3 години. Толку љубов, толку чувства, толку предности, а такво разочарување на крајот од се. Некои љубови завршуваат затоа што така сака едната страна, некои затоа што и двете така сакаат, некои никогаш не престануваат, а некои очигледно никогаш не ни постоеле и во аманет оставуваат само горчина и недоверба во сите наредни односи.

Уште ова морам да го кажам, затоа што верувам дека се прашувате како не финансираше нас и нашиот заедничкиот живот, со оглед на тоа дека таа фамозна работа никогаш не ни постоела. Тоа верувајте ми остана енигма и до ден денес. Сигурно не работел нешто чесно...

Затоа жени, внимавајте кому ја подарувате својата љубов! Дури и кога мислите дека знаете се за некого, проверете уште еднаш!