ГО САКАМ ВОДНО: Пробиен нелегален пат долг 1.5 километри од село Грчец до трасата за гасоводот (видео)

Oд секојдневно присуство на работници кои пробиваат гасоводна траса, патролирање на шумарска полиција, инспекторирање од сите можни инспекции, сепак непознат сторител успеа да ви пробие нелегален пат од 1,5 климотери, реагира граѓанското здружение Го сакам Водно.

– Од чекор во чекор, нештата не само што не се подобруваат за Водно, туку драстично се влошуваат. Законот за Водно, кое толку сакавте да го заштитите, ќе го донесете откако Водно целосно ќе се искасапи?! Откако ќе се пробие уште некој булевар, прашуваат од здружението.

Тие прашуваат: Каде е „строгата и прецизна“ контрола – Министерството за животна средина и просторно планирање? Каде е грижата за Водно – Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје / NP “Parqe dhe gjelbërime” – Shkup?! Каде е деталниот надзор на МЕР?! Каде е редовната инспекција на Инспекторат на град Скопје и ДИЖС, прашуваат од иницијативата Го сакам Водно.

Тие ја прашуваат и Владата на Република Македонија, нели го сакавте Водно?!

– На толку воочени недостатоци, уште непознат сторител да ви пробие нелегален пат пред нос, е навистина недозволиво! Недовербата во институциите се докажува дека е целосно оправдана. По стоти пат: Тргнете се од Водно, велат од гражанското здружение, кои на Фејсбук објавија видео снимено од дрон со појаснување: „На видеото можете да го проследите пробиениот пат од село Грчец, па се до ископаната гасоводна траса“.

И додаваат:

– Очекуваме објаснување за овој пат од: Влада на Република Македонија, Град Скопје, ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје / NP “Parqe dhe gjelbërime” – Shkup, Инспекторат на град Скопје МЕР, Министерство за животна средина и просторно планирање.