Го превезле со автомобил, па го ограбиле

Скопјанец бил ограбен од неколку лица, во чиј автомобил се возел за Гостивар, информираше МВР.

Ограбениот Ф.И.(50) пријавил дека завчера вечерта Е.Н, Џ.Н. и уште едно непознато лице му предложиле со нивното возило да го префрлат во Гостивар. Кога околу 22.30 часот ја поминале наплатната станица на автопатот Тетово-Скопје, Џ.Н. го запрел возилото и им кажал дека останале дефект и дека ќе мора да го туркаат возилото. Кога излегле од возилото осомничените го нападнале Ф.И., по што го турнале на земја и од џебот од палтото му го одзеле паричникот во кој имал 9.000 денари и лични документи.

Потоа го оставиле на патот и си заминале со возилото. Скопјанецот успеал да допатува до Гостивар каде го пријавил случајот во полицијата. Вчера околу 18 часот, полицајци од ПС Гостивар го привеле  Ш.Ѓ. (23) од Прилеп, со живеалиште во Гостивар. Тој бил идентификуван како третото лице кое го ограбило скопјанецот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на останатите лица и за целосно расчистување на случајот.