Го претепале и ограбиле во автобус на ЈСП - меѓу напаѓачите и девојчиња

Во 19 часот и 10 минути синоќа, во Единицата за информации и команда Скопје, 21-годишниот З.О. од Батинци скопско, пријавил дека истиот ден околу 18 часот и 50 минути, пет непознати лица од кои три машки и две женски, физички го нападнале и му извршиле разбојништво.

Додека се возел во автобус број 70 на Јавното сообраќајно претпријатие, на автобуската постојка кај „Веро Џамбо“ во автобусот се качиле лицата кои зборувале на висок тон. Тој побарал од нив да престанат и во тој момент едно од лицата од позади грб го удрил со тупаница, а потоа и другите лица физички го нападнале удирајќи го со тупаници.

Возачот ги отворил вратите, по што лицата излегле и го земале куферот на З.О. Тој, исто така, избегал кон Меѓуградската автобуска станица.

На семафорите пред Железничка станица едно од лицата го фатило за рака и му го одзело рачниот часовник, а друго од лицата со тупаница го удрило во пределот на градите.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно рачистување на случајот.