
Синоќа во 21:00 часот во радовишко село, полициски службеници лишиле од слобода 51-годишен жител на селото, се наведува во полицискиот билтен.
Според пријавеното, тој околу 20:30 часот во семејниот дом физички го нападнал неговиот 74-годишен татко, при што му нанел повреди.
Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш, а за настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.