Го паметите ли „местото со најубави сендвичи“ во Скопје?

Некој го памети како местото со најубави сендвичи, а некои други пак како збирно место на Скопјани - без дилема станува збор за најлегендарната сендвичара во градот со уникатен наслов „Чичко Стоилко“. 

Скопјани со носталгија велат дека ова местото каде што се собирале генерациите од 70-тите и 80-тите, единствената сендвичара каде што се чекал ред за да вкусат најубавите сендвичи во градот. 

Урбанизацијата на главниот град за жал го избриша овој убав дел од Скопје, а старите скопјани на социјалните мрежи раскажуваат и за семејната трагедија која сопственикот ја доживеал по ставањето на крај на бизнисот.  

Едно е сигурно: Оваа слика буди многу спомени за градот кој веќе го нема.