
Од КПУ Затвор Скопје синоќа пријавиле дека при спроведување на 40-годишник од Скопје во притвор, при извршен личен преглед кај него бил пронајден кокаин.
Како што информираат од МВР, синоќа околу 20:30 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправната установа Затвор Скопје било пријавено дека при спроведување на Ф.Р.(40) од Скопје, на кого му била определена мерка притвор, при извршен личен преглед кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.