Го нарекуваат еликсир на долговечноста, а можете да го направите дома

Овој релативно едноставен рецепт го нарекуваат еликсир на долговечноста, а не само што за него не ви се потребни многу пари, туку можете да го направите дома!

Всушност, можете да побарате во фрижидерот или да тркнете до локалната продавничка и да се обидете да го направите уште денес. Еве што ви е потребно:

2 см корен од ѓумбир

4 моркови

3 јаболки

Сок од половина лимон

Начин на подготовка:

Сите состојки се ставаат во блендер, а се препорачува да се пие наутро и тоа веднаш откако ќе се направи.

Зошто е толку добар?

Ѓумбирот го намалува нивото на холестерол, а морковот е одличен за вашите срце, заби и очи и го намалува ризикот од срцев удар. Јаболката го подобруваат имунитетот, одлични се за слабеење и ја стимулираат работата на бубрезите, црниот дроб и жолчката, додека пак лимонот го намалува крвниот притисок, прочистува од токсини. Исто така ја намалуваат болката од артритисот и позитивно делува во борбата против инфекциите на усната шуплина и јазикот.