Го каснала змија додека ги миел рацете во дворот

Жител на велешкото село Бањица бил каснат од змија додека ги миел рацете во чешмата од семејниот двор. Настанот се случил во понеделникот околу 20:50 часот, а според неговото кажување тоа било поскок.

Од велешката болница велат пациентот е надвор од животна опасност.

Ова е трето каснување од змија за десет дена во велешко. На 28-ми јуни, две лица кај селото Војница беа каснати од една змија откако при работа на лозје наишле на змиско гнездо.