
61-годишен маж кој се превезувал без билет во автобус на ЈСП претепал контролор на работното место.
Како што информираа од полицијата, вчера во 13:00 часот во СВР Скопје 42-годишен маж пријавил дека околу 08:20 часот утрото на своето работно место како контролор на ЈСП за наплати и билети, во два наврати бил физички нападнат од О.А.(61) и од две други лица.
Според пријавеното, тој го затекнал О.А. без билет, кој веднаш почнал да му се заканува, го извлекол од автобусот и физички го нападнал. Како што е пријавено, тој успеал да влезе во друг автобус, но на друга постојка повторно бил нападнат од О.А., кој овојпат бил со уште две лица, известија од МВР.
Се работи на расчистување на случајот.