Го измамиле на скопска Клиника: Му се претставил како доктор и му земал 12.000 денари

Б.В. (63) од Скопје вчера пријавил дека околу 13.00 часот во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ бил измамен од непознат сторител.

Додека чекал со неговата сопруга во Одделот за ортопедија, непознато лице му се претставило како доктор вработен во клиниката и почнал да му објаснува за болеста на неговата сопруга.

Лицето му понудило дека може да им помогне да ја забрза процедурата за терапијата, по што на Б.В. му земало 12.000 денари.

Откако лицето ги земало парите не се вратило повеќе.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.