Го измамил дека ќе му среди документи за престој и работа во странство за да му земе 2.000 евра - маж од тетовско ќе одговара кривично

45-годишник останал без 2.000 евра, откако бил измамен од 54-годишник од Боговиње дека ќе му бидат обезбедени документи за престој и работа во странство.

Случајот бил пријавен во полицијата, по што СВР Тетово поднело кривична пријава против 54-годишен жител на Боговиње.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, кривичната пријава против Н.И. (54) била поднесена поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Пријавениот на оштетениот му ветил дека ќе му обезбеди документи за престој и работа во странска држава. Откако 45-годишникот ги предал парите преку посредник, документите не биле обезбедени, по што сфатил дека бил измамен.