Го играме „тешкото“ веќе 30 години, велат граѓаните за животот во Македонија

Иако официјалните бројки на Заводот за статистика покажуваат раст на просечната плата од 4,8 отсто во споредба со лани, повеќето граѓани велат дека овој „раст“ е привиден, бидејќи постојано растат трошоците за живот.

„Дали во Македонија сега се живее подобро отколку пред пет години?“ е прашањето кое им го поставивме на нашите читатели. Повеќето со одговор „НЕ“.

Не станува збор само за егзистенцијалното прашање кое е во фокусот, туку општо за квалитетот на живот. Несомнено, голем број граѓани сметаат дека пандемијата „ѝ пресуди“ на и така нестабилната македонска економија.

Голем дел од вработените добија откази, оние кои, пак, имаа приватни бизниси и кои продолжија, имаат значително помал профит. Луѓето живеат во постојан страв од превисоките трошоци за евентуално приватно лекување.

Во три децении имавме транзиции, политички кризи, а сега и пандемија...

Еве што велат граѓаните.

„Бензин поскапен, нафта исто, горе оди цената на лебот маслото за јадење, млеко, брашно не ни произведуваме, ако воопшто и има производител, доволна количина има колку за Косово, за споредба помало од нас со жители. Кесите 15 денари, струјата исто така поскапа. Како да се живее, не се живее, се ПРЕЖИВУВА овде, а и не знам кој живее овде кога нема младина, опустени се цели села па и градови всушност. Едни ветуваат 500 евра, други 750 плата од тоа ништо не бидува и ред други работи кои можеби намерно ги заборавам ама тоа во следна прилика“

„30 годишна катастрофа политичариве уништиа СЕ„

„Работиме само за лебот со нашите плати“

„Живеат само криминалците и бандитите, а народот страда“

„Го играме „тешкото“ веќе 30 години“

„Па за овие 30сетина години - живееме во робовладетелско општество со тенденција да не вратат и во камено време“

„Да, многу убаво се живее затоа размислуваме да си заминеме“