
Вчера во 22.15 часот на Кеј „1 Мај“ во Прилеп, уапсен е Р.С.(37) од Прилеп од страна на полициски службеници. Тој бил фатен на лице место при извршување кражба во куќа со работите што планирал да ги украде.
Работите веднаш му биле вратени на сопственикот а лицето е задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава велат од МВР