Гневните жители на Аеродром, на зелената парцела започна работата на багерите

На зелената парцела која ја красеше околината на Мајчин дом завчера пристигнаа багери кои почнаа да го подготвуваат теренот за градежни работи.

Тензично беше на протестот на граѓаните на Општина Аеродром кои вчера се собраа на протест против изградбата на деветкатница кај „Мајчин дом“, а воедно и да го изразат незадоволството од градоначалникот на Општината, Златко Марин.

Тие се собраа околу тарабите со кои е заградена парцелата на која треба да се гради објектот и покрај обезбедувањето на полицијата, тргнаа да ги уриваат тарабите.

Граѓаните бесни на градоначалникот Златко Марин обвинуваат дека прави еколошка катастрофа и му бараат оставка, а тој пак за да ги смири вели дека е на нивна страна и за состојбата ја обвини поранешната гарнитура. Марин вели дека спорниот ДУП каде што е предвидено да никне висококатница е донесен без никаква дебата од ВМРО ДПМНЕ.

„Зграда пред Мајчин дом не треба да има. Фактите се дека претходното раководство на Општината предводено од ВМРО-ДПМНЕ го донесе овој ДУП без најава и без дебата. Ние направивме ревизија, а пред Уставниот суд се доставени 13 претставки по однос на ДУП-оти. Аеродром до судот ги достави и сите потребни документи, но до денеска нема одлука, Уставен суд ниту го стави ДУП-от во мирување, ниту го поништи“ – изјави Марин.