Глувци и инсекти на улиците и зградите во Центар, центарци сами се справуваат со овој проблем

Централното Градско подрачје односно Општина Центар во изминатите години станува дом на глодари и инсекти кои се повеќе се сретнуваат во домовите на граѓаните и по улиците на Општината.

Фотографијата е направена на улица „Благој Давков“ во Дебар Маало, поточно помеѓу Рамстор и Кам Маркет, а во непосредна близина се наоѓа и кафулето Кино Карпош.         

Вакви случаи за присуство на глодари неодамна беа пријавувани и во населбата Капиштец каде од нивната појава граѓаните беа згрозени и загрижени за своето здравје и здравјето на своите деца.

Додека жителите на Капиштец и Дебар Маало се борат со глувци и стаорци нивните соседи од Градски Ѕид мака мачат со инвазија на бубашваби и лебарки кои со години наназад шетаат по нивните подруми, влезови и домови.

Дезинфекција, дезинсекција и дератизација се непознати поими за актуелниот Градоначалник на Општина Центар Богдановиќ, иако истиот тој во својата кандидатура и програма им ветуваше на Центарци чиста и здрава животна средина, вели жител на општина Центар. 

Тој додава дека граѓани мора да двојат од личните буџети за справување со овој проблем кој е во надлежност на општината. 

Додека тој спие по хотели жителите на Општина Центар се приморани од своите домашни буџети да двојат финансиски средства и лично да се справуваат со овие непријатни појави. Наместо да засука ракави и да почне да ги решава проблемите на ѓраѓаните, Саша Богдановиќ води предизборна кампања во Општина Центар, заклучува тој.