
Загрижен жител на Кисела Вода утрово објави фотографија од локација каде се шетаат над десет улични кучиња. Ова следи како предупредување до минувачите да бидат претпазливи.
Во Фејсбук групата „Ѕид на Кисела Вода“ каде се споделуваат актуелните проблеми и случување во општината од страна на жителите, утрово беше споделена фотографија од кучиња во блзиина на автобуска постојка.
„Бидете внимателни“ - се алармира со оваа фотографија.
Изминатиов период алармот се вклучи за општина Карпош каде имаше и напад од улични кучиња врз дете кое заврши со повреди.