Глумците од Македонски народни приказни во хумана мисија - собираат средства за лекување на Момо Николоски

Хуманоста, човечноста и подадената рака кога ни е најпотребна  се најголемите доблести на човекот, вредности на кои ги учиме нашите најмлади, нашите деца.

Глумците од Македонски народни приказни во хумана мисија.

Неделава одржуват претстави во Домот на културата во општина Ѓорче Петров се со една цел, да му помогнеме на нашиот сограѓанин Момо Николоски на кој му е дијагностицирана тешка болест.

Општината, преку основните училишта ги организираше ученците да ја посетат театарската претстава,  да уживаат во изведбата на актерите, а со симболична сума да помогнат и да бидат хумани.

Собраните средства од изведбата на хуманитарната претстава се наменети за лекување на Николоски.

Ги повикуваме сите хумани граѓани кои се во можност да донираат на  следната донаторска сметка: 200003411779440