Глобален турнир за најдобрите светски програмери и ИТ професионалци за cloud, data и AI

Од 8 февруари до 17 март, најдобрите програмери и IT професионалци за cloud, data и AI, ќе имаат можност да си го измерат знаењето на глобалниот турнир C3 Cloud Skills Cup.

Локалниот турнир за cloud вештини, како преелиминарни рунди, е во организација на Семос Едукација, а најуспешните се квалификуваат за светскиот шампионат.

Предизвикот, како што стои во соопштението на Семос, е за сите програмери, ИТ професионалци за cloud, data и AI. Истиот се состои од дваесет прашања од секоја од наведените области а целта е учесникот во 5 минути да одговори на што е можно повеќе прашања за пократко време.

Натпреварувачите од сите три категории со најмногу точни одговори и најкратко време ќе добијат титула шампион и ваучер од 500 евра за обука од Семос Едукација. Понатаму, локалните победници ќе се натпреваруваат со победниците од другите земји-членки на LLPA, меѓународно здружение од 32 члена низ 55 земји од светот, на светскиот шампионат во јуни 2021 година.

Пријавувањето е на следниот линк