Глоба до 5.000 евра за институциите кои нема да го почитуваат законот за употреба на јазиците

Глоба во износ од 4.000 до 5.000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе се изрече на централни институции, јавни претпријатија, агенции, дирекции, установи и организации, комисии, правни лица кои вршат јавни овластувања согласно закон, како и сите други институции за непочитување на одредбите од законот за употреба на јазиците, предвидува новата регулатива која веќе стапи на сила.

„Глоба во износ од 30% од одмерената глоба ќе му се изрече на службеното лице и одговорното лице во органите од став 1 на овој член“, пишува во законот.