Глигорова: На видеото кога го газеа Тот беа толку согласни во насилството

Судечкиот совет при Основниот кривичен суд Скопје вчера ги огласи за виновни обвинетите во случајот со убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот.

На обвинетите Анџело Ѓорѓиевски и Клементина Левковска им беше изречена казна затвор од по 18 години, додека, на обвинетиот Андреј Костовски 16 години за сторено кривично дело „убиство“. 

На социјалните мрежи врие од реакции за пресудата, која повеќето ја оправдуваат бидејќи станува збор за згаснат млад живот. 

Со став се јави и активистката Ана Глигорова. 

-На видеото кога го газеа Тот, беа толку согласни во насилството, па и неподвижен го дотепуваа. Мислам дека кога сфатија дека има сведоци и можеби камери, почнаа да сфаќаат дека нема да куртулат казна, па пробаа кобајаги да му помогнат. Некаде во природа, во некоја пустелија ќе го фрлеа телото во река. Дотепување до смрт е убиство од прв степен, коментира таа.