Гледај мајка, бирај син

Мажите се онакви какви ќе ги направи нивната мајка, вели една изрека. И навистина мајката влијае на тоа каков маж ќе стане нивниот син, и каков однос ќе има со жена му.

-Мојот сопруг е вистински другар со својата мајка, навистина ја почитува и сака, така и со мене се однесува, вели Анабела од Чаир.

-Маж ми е премногу приврзан со својата мајка, ми пречи тоа бидејќи секоја наша идеја, план таа го дознава, во принцип не се меша, но на синчето му дава поддршка. Знам низ шала да му речам што мислиш да одиме на одмор до Хрватска, или од мама ќе бараш совет, вели Кристина од Мичурин.

-Мојата мајка знаеше да рече гледај како се однесува со мајка му така и со тебе ќе прави. Ми беше чудно, но до некаде е и вистинито. Јас познава една своја пријателка чии маж лошо се однесуваш кон нејзе, со навреди и дофрлувања, истото тоа тој и го применуваше со својта мајка вели, Андреа од Козле.

Брачните советници велат дека битно е како се поврзани мајката и синот. Не е добро синот да ја обожава, ни да ја мрази, или да нема никаков однос со нејзе.

Мажите кои ги мразат своите мајки ги мразат и другите жени. Ако сретнете маж кој се исмева со својата мајка, бегајте од него. Бидејќи прашање е на време кога ќе почне истото и вам да ви го прави. Што повеќе е поголема неговата омраза спрема мајка си, дава контраефект на љубовната врска.

Ако пак е премногу поврзан, и одговара не секој нејзин повик, без разлика во каква ситуација е и заминува во друга просторија за да разговара со нејзе како да му е љубовница, она својот син си го третира како да и е маж, тоа се знак дека таа постојано ќе се меша во вашиот живот, а синот тоа ќе го дозволува.

Еден од добрите знаци е ако од прв поглед ви се допадне неговата мајка, тоа значи дека доста заедничко имате со нејзе. А , ако сте сосема поинкав тип од нејзе тоа нема да заврши добро. Кога мажите имаат добар однос со својата мјака најголема веројатност е они да изберат жена сличан на нејзе. Ако била домаќинка , најверојатно мажот ќе бида со жена која ќе биде традиционален тип на девојка.