Главниот град претворен во рај за комарци и змии

Скопје и околината преполно со комарци, крлежи, змии и уште еден куп други инсекти. Топлото време и неискосената трева се погодно место за разможување на крлежи и змии кои секако се опасни по човековото здравје.

Градот е преполн со комарци, а како што добро знаеме тие се најголеми преносители на болести, па експертите советуваат да се избегнуваат делови каде најмногу се размножуаат комарците, а тоа се водените површини. Граѓаните бараат што поскоро да се изврши прскањето, но од Градот посочуваат дека истото треба да биде извршено за десетина дена. До овој момент не е извршено ниту едно прскање против инсекти над Скопје, бидејќи тендерот е повлечен, под сомнение дека хемиски е штетен за граѓаните.

Сепак, ниту ова правдање не е довозлно за граѓаните, кои револтирано прашуваат што се чекало до сега и зошто навреме не повлечен спорниот тендер и објавен нов.

-Како е можно градската власт да е сеуште во зимски сон и сеуште да бара оправданија за сопствените постапки. Доколку претходниот тендер се испоставил дека хемиски е штетен за граѓаните, зошто не реагирале навреме? Раат немаме од напливот на комарци, постојано купуваме препарати од аптека за заштита, но ни тоа не е доволно. Се плашиме за здравјето на децата, бидејќи комарците се преносители на голем број болести, а веќе состојбата во Скопје е аларманта, вели револтирано Благоја.

Покрај маката што си ја имаат со комарците и инсектите, жителите на главниот град имаат мака и крлежите и змиите, благодарение на високите треви насекаде во градот.

-Постојано на социјалните мрежи се објавуваат слики од змии, а топлото време и високите треви се идеална средина за нив. Граѓаните мора да молат за да дојдат општинските служби и да ја средат околината, а не да функционира така што тоа е нивна работа. Болниците се преполни од граѓани кои одат за да им бидат отстранети крлежи на некои делови од телото. Дали конечно општинските служби и градот ќе почнат да се грижат за своите општини и да ги направат безбедни за ницвните граѓани, прашува Ангел.

На социјалните мрежи граѓаните постојано поставуваат слики од нараснати тревни површини, како и од убоди од комарци и бараат од градската и општинските власти да си ги завршуваат обврските да кои се избрани и платени од граѓаните. Сепак, останува да видиме кога ќе биде извршено првото прскање во Скопје.