Главниот град низ објективот на Петар Аврамоски: Скопје секогаш има нови и недоловени кадри

Петар Аврамоски или во инстаграм заедницата познат како ernesto_petar е дипломиран Индустриски Дизајнер.

Секогаш со замешани прсти во нешто креативно. Веројатно така и се родила љубовта кон фотографијата, посебно урбаната фотографија. Тоа урбана фотографија потекнува баш од Инстаграм - urban photography и сосема се разликува од уметничката фотографија.

На прашањето од каде љубовта кон фотографијата, особено кон урбаната фотографија и Скопје, Петар Вели:

Следејќи еден куп такви профили на Инстаграм добивам секојдневно инспирација и желба да во тој ред на светски метрополи со одлични места за фотографирање биде вметнато и Скопје. Скопје како град колку и да кажам дека сум го исцрпил како содржина за фотографирање, секогаш ми нуди некои недоловени кадри, кадри кои даваат една поинаква слика за градот и се надевам дека и понатаму ќе ги има.

Во изминативе две години можам да кажам дека во Скопје се открија многу локации кои се баш онака измислени за фотографирање, кадри кои со малку доработка го одземаат здивот, а и секогаш носат доза на топлина поради тоа што сепак е тоа наше Скопје, додава тој.

Во продолжение следуваат неколку убави фотографии од Петар за Скопје:

 

 

air max 90 essential sale