Главни виновници за депресија и лошо расположение: Овие намирници го уништуваат нервниот систем

Храната може да ни помогне да го закрепнеме организмот, да го зајакнеме имунитетот, но некои намирници може да предизвикаат и големи проблеми.

Со сите групи намирници треба да се биде умерен, а особено со овие 5. Доколку ги внесувате во големи количини, ќе се чувствувате поспано, раздразливо и нервозно.

Овие намирници можат да го нарушат нервниот систем и да предизвикаат нагли промени на расположението, а на крајот и депресија. Одбегнувајте ги по секоја цена!

Сол

Внесувањето сол во голема количина може да ја блокира работата на жлездите што лачат адреналин, кои се одговорни за енергијата и подигнувањето на расположението. Доколку претерувате со солта, ќе бидете раздразливи и уморни.

Благо

Благото е дозволено во минимални количини. Иако сите го обожаваме, тоа предизвикува пад на концентрацијата и агресија.

Лута храна

Намирниците што го забрзуваат метаболизмот, како што е ѓумбирот, ренот и чили пиперката, се добри, но не додека сте под стрес. По внесувањето лута храна, организмот добива нова енергија и го зголемува стресот.

Кафе

Кофеинот поттикнува забрзано создавање хормони за стрес. Едно кафе дневно е сосема доволно.

Црвено месо

Состојките од јунешкото и говедското месо го подигнуваат нивото на допамин и норепинефрин, а и двата се поврзани со зголемена вознемиреност и стрес.