Гласните жени живеат подолго и имаат многу посреќен живот

Борбата со чувствата е една од најтешките и најдолгите животни борби, бидејќи трае речиси цел живот, а кај некои луѓе тоа е секојдневие. Некогаш треба да се поттиснуваат, некогаш треба да се молчи, да се трпи, дури и кога би сакале да експлодираме, само за да ги зачуваме убавите односи или хармонијата во домот. Но, она што би било поефикасно за добри односи е да се отвориме и да кажеме што мислиме. 

Тоа ќе ни помогне и да го зачуваме здравјето, затоа што проголтувањето и неутрализирањето на разбеснетите чувства го нарушуваат здравјето! Жените обично се оние кои почесто се одлучуваат за премолчување и за гаснење на пожарот во себе, но денес жените „галамџики“ не се толку ретки случаеви како што било тоа случај некогаш. И еве зошто се во право!

Да се замолчуваш себеси: Ова обично го прават луѓе кои се плашат да ги изразат своите чувства и мислење. Тие всушност се плашат да ги повредат своите блиски луѓе и да ги расипат односите со семејството, пријателите, колегите. 

Бираат тишина затоа што не сакаат да се расправаат, но не сфаќаат дека тоа всушност е добро за нив и тоа од две причини: Гласните жени го кажуваат она што го мислат, да со тоа им се отвора можноста да го добијат тоа што го сакаат и истовремено да го исфрлат стресот и чувствата кои се наталожени во нив. 

Кревање на гласот, намалување на стресот! Викањето е еден од најдобрите начини за да се исфрлат сите негативни чувства, стрес и фрустрации од нашето тело. Познато е дека хроничниот стрес е причина за многу болести, па гласните жени преку викањето ги исфрлаат лошите отрови од телото. 

Физичките последици од криење на чувствата: „Фасадата“ на радоста и мирот не значи дека и во душата е така. Најчесто ја користат луѓе кои се плашат од одбивање, а се јавува и кај мажите и кај жените ширум светот. Сепак во моментот кога со сите сили се трудите да покажете дека сѐ е во рред, а во себе се распаѓате, притисокот и нивото на шеќер во крв растат. Ако ова е хронична појава, значително се зголемува ризикот од срцеви заболувања.

Изразете ги чувствата на здрав начин: Иако кревањето на гласот (подвикнувањето) е одличен начин да се ослободите од негативни чувства, не би требало да кажувате баш сѐ што ќе ви падне на памет или да вриштите по цел ден, затоа што така ќе ги избркате луѓето од себе.

Исто колку што е важно да ја исфрлите негативноста и да се ослободите од стресот, толку е важна и почитта, кон себе, но и кон останатите.