Ѓумбир – чувар на нашето здравје за време на постудените денови

Ова е време на настинки, но затоа постојат одредени природни лекови кои можат да помогнат во превенција и лечење.

Photo by sentot setyasiswanto on Unsplash

Чајот од ѓумбир е одличен избор за време на студените денови. Тој може да биде засладен со мед и лимон, за уште подобри резултати. 

Освен тоа, за подобрување на имунитетот се препорачува наутро на празен желудник да испиеме чаша вода во која ќе додадеме рендан ѓумбир (1 лажичка) или пак чај од ѓумбир. Кога во тоа ќе се додаде мед и лимон, оваа комбинација придонесува за создавање бели крвни зрнца и на природен начин го јакне нашиот имунитет. 

Ѓумбирот е добар и кај главоболките, мачнините и нагонот за повраќање. Тој има и антиканцерогено дејство, а одличен и за здравјето на јајници. Ја ублажува болката кај мигрените, придонесува за намалување на холестеролот во крвта и ги ублажува менструалните болки кај жените. 

Ако чувствувате хроничен замор, исто така може да биде многу корисен.