Ѓорѓиевски со Ристиќ и „Не биди ѓубре“ во акција за чистење на Кисела Вода

На Светскиот ден на животната средина, нова заедничка еколошка акција на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, општина Кисела Вода, градинките и училиштата од овој дел на градот, заедно со тимот на „Не биди ѓубре”, предводен од актерката и екоактивист Ирена Ристиќ.

Се чистеше на јавните површини низ целата општина, а на повеќе локации беа засадени дрвца и цвеќиња. Настанот беше заокружен со музичка манифестација во паркот „Македонија“ каде настапија дечињата двете градинки од општина Кисела Вода, а присутни беа и нивните родители кои задно со нив чистеа и садеа цвеќиња.

„Денес, кога на глобално ниво се одбележува Денот на животната средина, заедно со оргaнизацијата „Не биди ѓубре“ спроведовме заедничка акција за чистење. Наша позиција беше трим патеката, додека на други позиции работеа тимови од администрацијата, градинките и училиштата. Едновремено на повеќе локации беа засадени зимзелени дрвца и цвеќиња, а нашите најмлади oд градинките го одбележаа денот и со приредба во паркот „Македонија“. Во рамките на нашата долгорочна стратегија за здрава животна средина, општина Кисела Вода реализира повеќе проекти за подобрување на квалитетот на животот. Чистиме депонии, пошумуваме, градиме паркови и зелени спортско-рекреaтивни центри, се со цел да го подобриме квалитетот на животната средина и да го заштитиме здравјето на нашите сограѓани, но сепак, треба да се потенцира дека сите мора да бидеме одговорни и да дадеме свој удел во зачувувањето на средината во која живееме. Затоа, апелирам до сите жители да не создаваат отпад и правилно да го складираат и одложуваат постоечкиот. Воедно, на сите кои зедоа учество во денешната акција им благодарам, благодарам и на Ирена Ристиќ и оргaнизацијата „Не биди ѓубре“! Секој мал чекор што ќе го направиме денес, има големо значење за нашата иднина и за иднината на нашите деца“, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.