
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, синоќа заедно со Премиерот Христијан Мицкоски, остварија вечерна обиколка на Скопје, по што Ѓорѓиевски најави дека во скоро ќе започне постапка за реализација на Луна Парк.
Во својата објава на Фејсбук, Ѓорѓиевски даде позитивна оценка за моменталниот изглед на главниот град.
„Скопје (…) сега конечно личи на метропола, како што доликува. Улиците и плоштадите чисти, полни со посетители – ја нема онаа лоша слика на која навикнавме. И никогаш повеќе нема да се повтори!“, напиша Ѓорѓиевски.
Покрај коментарот за изгледот на градот, тој најави и иден проект.
„Го посетивме и она што долги години му треба не само на Скопје, туку и на Македонија – Луна Паркот за кој наскоро започнуваме постапка за негова реализација“, се вели во објавата.