Ѓорѓиевски: Работиме со засилено темпо на точки кои со години беа закочени - Скопје добива нов лик!

Скопје добива нов лик! Изминатава недела работиме со засилено темпо на точки кои со години беа закочени, а дел од нив останаа само лажно ветување. Денес, тие напредуваат, информира градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

-На клучката кај „Момин Поток“ се работи со полна пареа. На „Љубљанска“, од огромно значење за жителите на Карпош, динамиката е јасно видлива. Паралелно, напредуваат и градежните работи на „Перо Наков“ во Гази Баба, клучна сообраќајна артерија по која секојдневно поминуваат илјадници граѓани. Ова е само почетокот на сериозна, одговорна и посветена трансформација, посочи тој.

Градоначалникот порача дека скопјани заслужуваат град со визија, ред и достоинство.