Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски денес беше во посета на основното училиште ,,Невена Георгиева-Дуња” во Кисела Вода. Како што напиша на социјалните мрежи во последниот период се работело на подобрување на условите на учениците но и вработените.
„Се работи за инвестиција која опфаќа нова инокс професионална опрема за кујна што значително ќе го олесни работењето, нo ќе обезбеди и повисок квалитет.
Во училиштето обезбедени се и интерактивни панели кои ќе користат во наставниот процес. Осовременувањето на училиштата преку стимулирање на дигиталните вештини е високо на нашите приоритети за работа и затоа, нашите заложби за обезбедување на поквалитетно образование за младите продолжуваат и понатаму.
Поставен е и нов видео надзор кој ќе ја зголеми безбедноста на учениците, како и нов паркинг простор за околу 50 возила. Со изградбата на овој паркинг, придонесуваме кон подобра функционалност и достапност во непосредна близина на училиштето, кое секојдневно го посетуваат ученици, родители и наставен кадар.
Во изминатите три години изградивме над 1500 паркинг места низ општината, со што значително го олеснивме секојдневието на граѓаните.
Во истиот училишен објект е во тек изградбата на затворен базен, кој треба да биде готов до крајот на мај и дека во насока на заложбата за воведување едносменска настава во сите основни училишта во општината, ова училиште ќе биде проширено“, напиша Ѓорѓиевски.