Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски на социјалната мрежа Фејсбук откри дека за прв пат после повина век, жителите од улица ,,25” во Припор добиваат целосна фекална канализација и нов асфалт.
„Оваа улица за првпат била изградена од самопридонес на жителите и годините поминати си го направиле своето, односно видливите оштетувања беа сериозен проблем во извршување на секојдневните потреби. По разговор со мојот народ кој живее таму и нивните барања кои за мене се секогаш приоритет, се пуштивме во акција за да го решиме проблемот трајно. Изградивме најпрво фекална канализација во должина од 530 метри, а денес по завршувањето, почнавме со асфалтирање на улицата која опфаќа 1600 метри квадратни површина.Не постои нерешлив проблем кога се пристапува со сериозност, немањето волја е она што е проблем.Затоа, продолжуваме секој ден, во секое населено место, кај секој домаќин за да ги слушнеме барањата кои ги имаат и да пристапиме кон нивно решавање“, напиша Ѓорѓиевски.